Селото од храмови изгубено во џунглата во Мјанмар

Селото од храмови изгубено во џунглата во Мјанмар

Подготвил: Тамара Гроздановски

Како сцена директно од „Книгата за џунглата“, достапна за надворешниот свет само преку тесен канал што ја разделува цивилизацијата од дивината,  селото од храмови изгубено во џунглата во Мјанмар  ќе ви го одземе здивот.

 

urnatini


После едно-часовно возење со брод, ќе ве поздрават посетителите на селото Индеин. Неколку чекори потаму се наоѓа шарениот пазар кадешто домородците слегуваат од нивните планински села за да ги продадат домашните производи како тофу, соја, свежа риба и зеленчук. Иако туризмот си го направил своето, сепак езерото чувај тајни кои се`уште не се откриени и кои треба да се пронајдат во оваа област, и кои се непознати и мистериозни дури и за локалните луѓе.

Пре да започните со вашата потрага, локалните продавачи ќе се обидат да ве одвратат од намерата, предупредувајќи ве дека постојат смртоносни змии. Се разбира, нема смртоносни змии во таа област, туку разни древни урнатини. Најзабележително нешто кај нив уште од далеку се нивните интересни покриви. За овие градби не постои никаква евиденција во историјата на Мјанмар дека некогаш биле изградени.

Една теорија вели дека Шве Индеин Пагода комплексот бил изграден од индискиот император Ашока, кој ги испратил монасите во 3 век п.н.е в низ Азија за да го прошират будизмот, меѓутоа не постојат археолошки докази кои го поддржуваат овој факт.

 

Линк до галеријата.