Оглас за вработување во Глобко... Огласот важи за повеќе градови
Глобко Логистик ДООЕЛ Скопје објавува:
ОГЛАС
за пополнување на следните работни места
Курир/Доставуач во Сектор за логистика
(по 1 извршител на неопределено работно време во Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес, Штип, Радовиш, Кочани, Струмица и Гевгелија)
Потребни квалификации за работното место:
- Средно стручно образование/Основно образование со поседување на дополнителни функционални знаења и вештини стекнати со курсеви или соодветно практично искуство;
- Поседување на важечка возачка дозвола Б категорија (пожелно Ц категорија);
Вештини, способности, одговорности за работно место:
- позитивен став;
- комуникативност, исполнителност, доверливост, чесност и лојалност;
- способност за тимска работа и работа под притисок и почитување на дадени рокови и
- флексибилност
Опис на работно место:
Сортирање на пратки за правилно доставување во согласност со испораката; испорачување на пратки до и од претпријатија, продавници, домаќинства и други места; водење на евиденција и план за доставени, превземени и вратени пратки; вршење на сродни задачи
Работно време од понеделник до петок од 08:30 - 15:30 часот и сабота од 09:00 во 14:00 часот
Нето месечна плата за работното место изнесува од 15.000,00 до 18.500,00 денари.
Претходно искуство:
- пожелно во областа на дистрибуција и/или достава на пратки
Испратете Ваша биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 16.11.2015 година, со назнака за работно место Курир/Доставувач во Сектор за Логистика на следната адреса: Глобко Логистик дооел Скопје, ул. 852 бр.62, 1000 Скопје или на е-маил: hr@gls.com.mk
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.