Оглас за вработување во ЕВН
EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Р. Македонија. На
македонскиот пазар компанијата влезе во 2006-та година како дел од групацијата EVN. Нашата најзначајна цел
е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.
КАРИЕРА ВО ЕВН
За во одделот Интерна ревизија потребeн е:
РЕВИЗОР
Опис на работните задачи
- Анализа и проценка на оперативни, менаџерски и финансиски процеси во компанијата
- Идентификување на ризици и области за подобрување
- Осигурување дека организацијата работи согласно закони, регулативи и стандарди
- Подготовка на предлози за подобрување на ситуацијата врз основа на резултатите од проверките
- Контрола на отстранувањето на недостатоците
Потребни квалификации и лични карактеристики
- Високо образование – Економски факултет (или сродни смерови)
- Најмалку 3 години искуство
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office
- Логичко расудување
- Изразена способност за дефинирање приоритети
- Способност за симултана работа на различни проблематики
- Желба за постојано учење нови работи
- Способност за индуктивно и дедуктивно резонирање
- Самоорганизација и чувство за одговорност
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на jobs@evn.mk испратете куса биографија и
мотивационо писмо или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница
www.evn.mk
најдоцна до 23.11.2015 година.
Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!
ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на
нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.