Оглас за вработување во Охридска банка
Придружете му се на успешниот тим од професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка, Групација Сосиете женерал во референтна банка во односите со клиентите.
Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух – нашата прва вредност, значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни врски засновани на почитување и доверба. Градењето на тимскиот дух значи возбуда и задоволство од меѓусебната поддршка и размена на знаење.
Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности што ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.
Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународната групација со 150-годишна историја, која може да Ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој.
РЕФЕРЕНТ ЗА ОДНОСИ СО ИНДИВИДУАЛНИ КЛИЕНТИ
Локација: ОХРИД
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
Закажување состаноци со сегашни и идни клиенти;
Подготовка на понуда за целосната палета на продукти и услуги на Банката;
Подготвување комерцијален предлог за клиентот;
Информирање на клиентот за потребната документација што треба да се обезбеди;
Одржување постојани контакти со клиентите и следење на нивното задоволство од користењето на производите и услугите на банката;
Подготовка на извештаи;
Управување на различни видови трансакции:
- отворање, одржување и затворање сметки,
- примање и обработка на барањата за кредит,
- испорака на картички,
- примање и обработка на барање за пречекорување,
- продавање на сите други продукти како депозити,
- реактивирање на неактивни сметки;
Водење заостанати наплати.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
ВСС – Дипломиран економист;
Претходно работно искуство во банка или во областа на продажбата ќе се смета за предност;
Одлично познавање на англиски јазик;
Тимски играч;
Развиени аналитички вештини;
Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.
Заинтересираните кандидати што ги исполнуваат горенаведените услови, потребно е да испратат професионална биографија (CV) со придружно писмо, најдоцна до 8.12.2015 год., на адреса: kariera@ob.com.mk, со задолжителна назнака „Референт за односи со индивидуални клиенти“.
Со испраќање на Вашата апликација, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.
Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.