Оскари 2016: Кој ќе победи и кој би требало да победи
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Дали Леонардо конечно ќе добие Оскар? Дали Кејт Бланшет ќе успее повторно да добие Оскар? Критичарите ги откриваат нивните размислувања.
Предвидувањето на Оскарите три месеци пред настанот се вистинско лудило. Сезоната на награди е во тек - официјално започна со Филмскиот фестивал во Венеција, на почетокот на септември. На 14 јануари ќе биде се` јасно кога ќе бидат откриени номинациите за оскар, една недела после БАФТА на 8 јануари. Во меѓувреме, ова се шпекулациите за тоа кој би можел да освои Оскар.
Најдобар филм
Далеку најдобар и највередостоен кандидат за оваа категорија е „Mad Max:Fury Road“ и „Inside out“. Тука може да се најде и „Room“ и „Spotlight“.
Кружат шпекулации дека меѓу номинираните може да се најде и „Star Wars: The force awakens“ меѓутоа останува времето да каже.
Номинирани ќе бидат: „Room“, „The Martian“, „Spotlight“, „Brooklyn“, „Inside Out“, „Mad Max: Fury Road“, „Carol“, „Bridge of Spies“, „The Revenant“, „The Hateful Eight“.
Ќе победи: „Spotlight“
Треба да победи: „Mad Max: Fury Road“.
Најдобар режисер
Моментално, Ридли Скот има најголеми шанси за номинација, а воедно и за победа во оваа категорија. Неговиот најнов филм „The Martian“ стана најголемиот хит во неговата кариера. Но, најдобриот режсиер оваа година е Тод Хајнес за „Carol“, додека Пит Доктер („Inside out“) и Џорџ Милер („Mad Max: Fury Road“) со право би се нашле меѓу номинираните.
Номинирани ќе бидат: Ридли Скот - „The Martina“; Томас МекКарти „Spotlight“; Алехандро Гонзалаез Инариту „The Revenant“; Дејвид О Расел „Joy“; Стивен Спилберг „Bridge of spies“.
Ќе победи: Ридли Скот - „The Martian“.
Треба да победи: Тод Хајнес „Carol“
Најдобар актер во главна улога
Дали конечно оваа година ќе биде на Леонардо Ди Каприо? Лео долго време учествува во трката за Оскарите, поточно уште од 1994 година за филмот „What's eating Gilbert Grape“. Некои мислеа дека „The wolf of Wall Street“ конечно ќе му донесе Оскар, меѓутоа сето тоа се покажа како лажна надеж.
За време на снимањето на „THe Revenant“, Лео спиел во животински трупови, ризикувал хипотермија и јадел суровини од црн дроб на бизон.
Номинирани ќе бидат: Леонардо Ди Каприо - „The Revenant“; Мајкл Фасебендер - „Steve Jobs“; Мет Дејмон „The Martian“; Том Хенкс „Bridge of spies“; Еди Редмејн „The Danish Girl“.
Ќе победи: Леонардо Ди Каприо - „The Revenant“
Треба да победи: Мајкл Фасебендер - „Steve Jobs“
Најдобра актерка во главна улога
Најреалните кандидатки за оваа категорија се Бри Ларсон и Саорис Ронан и се чини дека и двете до крај ќе се борат за главната награда.
Оваа година оваа категорија ќе биде феноменална со Кери Малиган во „Suffragette“, Меги Смит во „The Lady in the Van“ или Џенифер Џејсон Ли во „Anomalisa“ - сите дами заслужуваат номинација.
Кејт Бланшет најмногу се истакнува од сите актерки оваа година, меѓутоа со тоа што победи во „Blue Jasmine“ пред две години и во 2004 за „The Aviator“ во моментот се чини статистички неверојатно да и` биде доделен оскар.
Ќе бидат номинирани: Бри Ларсон - „Room“; Кејт Бланшет - „Carol“; Саорис Ронан - „Brooklyn“; Џенифер Лоренс „Joy“ и Шарлот Рамплинг „45 years“.
Ќе победи: Бри Ларсон - „Room“
Треба да победи: Кејт Бланшет - „Carol“
Најдобар актер во споредна машка улога
Како приказната што го инспирира, „Spotlight“ е филм кој покажува одличен тимска работа на одлична актерска екипа вклучувајќи ги Мајкл Китон, Мајк Рафало, Стенли Тучи и Лиев Шрибер.
Филмот „The hateful eight“ на Тарантино има слично ветувачка филмска екипа - иако до премиерата на филмот тешко е да се годи кој од овие два филмови ќе зе издвојува, се чини дека филмовите зборуваат за доминантни личности.
Номинирани ќе бидат: Мајкл Китон - „Spotlight“; Марк Рафало - „Spotlight“; Марк Раланс - „Bridge of spies“; Силвестер Сталоне - „Creed“; Џејкоб Тремблеј - „Room“.
Ќе победи: Мајкл Китон - „Spotlight“
Треба да победи: Мајкл Китон - „Spotlight“
Најдобра актерка во споредна женска улога
Двете најсилни кандидатки за оваа година се, Руни Мара и Алиша Викандер. Меѓу нивните ривали може да се најдат Џејн Фонда и можеби Рејчел Вајс.
Номинирани ќе бидат: Алиша Викандер - „The Danish girl“; Руни Мара - „Carol“; Кејт Винслет - „Стив Џобс“; Џенифер Џејсон Ли - „The hateful eight“; Рејчел Вајс - „Youth“.
Ќе победи: Алиша Викандер - „The Danish girl“
Треба да победи: Руни Мара - „Carol“