Лаги кои студентите им ги кажуваат на родителите

Лаги кои студентите им ги кажуваат на родителите

Подготвил: Драгана Петрушевска

Велат дека не постои личност која не кажала барем една бела лага во животот. Така и студентите. Колку и да звучи лошо, студентите ги кажуваат овие бели лаги за да не ги загрижуваат своите родители и само поради тоа.


„Навистина не излегувам често. Можеби само еднаш неделно.“

„А, и кога излегувам, пијам само еден пијалок.“

„Секако дека не пијам жестоки пијалоци. Одвратни се!“

„Вчера легнав да спијам многу рано, пред полноќ.“


„По цели денови сум во читална.“

„Да, мора да ја предадам семинарската за неколку недели, затоа почнувам со работа денес.“

„Аха, тој испит? Професорот го одложи.“

„Освен тоа, просекот ми е одличен.“

„Секако дека се перам редовно. И собата ја исчистив.“

„Не се грижи, јадам доволно здрава храна.“

„Обожавам да одам на предавања. Не пропуштам!“


„Никогаш не се успивам.“

„На што ги потрошив парите? На скрипти!“

„Ми требаат уште пари за фотокопирање.“

„Дали излегувам со некого? Кој има време за тоа покрај толку учење?“

„Не гледам ниту една серија.“

„Неделава не доаѓам дома затоа што треба да учам.“