Вработување во АД Електрани на Македонија... Основна плата 41.400,00 денари

Вработување во АД Електрани на Македонија... Основна плата 41.400,00 денари

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ бр. 167/201 5) и член 5, 7, 8 и 9 од Колективниот договор на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост Скопје, a во врска со Одлуката за потреба од засновање на работен однос бр. 047440/1 од 04. 12. 2015 година

АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА - СКОПЈЕ
објавува ЈАВЕН ОГЛАС

За потреба од засновање на работен однос во Подружница PEK БитолаНоваци, АД ЕЛЕМСкопје, за извршување на работи на неопределено време, за следното работно место:

1 (еден) извршител за работно место „Координатор за правни работи" во Секторот за правни, кадровски и општи работи

Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:

VII степен, Правен факултет, со положен правосуден испит пред најмалку 5 години и 5 години работно искуство во правни работи.

Паричниот износ на основната влата е 41 .414 денари.

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:00 часот до 15:00 часот. Огласот трае седум работни дена од денот на огласувањето.

Со пријавата (своерачна пријава) кандидатите да достават:
- Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);
- Листа од ПИОМ за доказ за работно искуство;
- Доказ за посебните услови;
- Уверение за државјанство (копија);
- Кратка биографија на македонски јазик;
- Контакт телефон.

Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето.

Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување. Пријавата со потребните документи, од кои се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса: Дирекција, АД Електрани на МакедонијаСкопје, ул. 1 1 Октомври, бр. 9, Скопје (со ознака „за јавен оглас„)