Оглас за вработување во Lear Corporation
CAD/CАМ Техничари – 2 позиции
Lear Corporation е Fortune 500 компанија која дизајнира и произведува продукти од највисока класа во светот. Ние обезбедуваме комплетни системи за седишта и менаџмент на електрична енергија низ цел свет. Продажбата во 2012 година изнесуваше $14.6 милијарди, а Lear беше рангирана како #187 меѓу Fortune 500 компаниите. Нашите производи ги дизајнираат и прозиведуваат од 115,000 вработени на 221 локации во светот.
За потребите на фабриката во Гостивар имаме потреба од искусни CAD/Cam Техничари.
Lear може да ви понуди можност за работа во интернационална и брзо растечка средина.
Seating
Главни одговорности:
Проверка на шаблоните, калсификација на шаблоните и оптимизација на маркерите;
Внесување на податоци и проверка на карактеристиките на навлаката;
Соработка со други оддели при реализација на работните налози.
Барања поврзани со позицијата:
Работното искуство во автомобилската производна индустрија ќе се смета за предност;
ССП (техничка насока);
Познавање и работно искуство со машини и компоненти за шиење и кроење;
Познавање и работно искуство со CAD/CAM алатки и
Способност за тимска работа; фокус на детали; дисциплинираност и работа под притисок.
Доколу сакате да работите во компанија која се фокусира на Раст, Тимска работа и Совршенство – секако ќе ви се допадне оваа можност.
Ве молиме Вашата биографија да ја доставите на
cad52948_1179@hr-service.pro најдоцна до 15 Декември 2015.
Learn more about us at
www.lear.com