АД МЕПСО вработува... Отворени се две работни позиции

АД МЕПСО вработува... Отворени се две работни позиции

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Објавен во службен весник на РМ број 74/2015 и 129/2015 член 5, 6, 7 и 8 од Колективниот Договор на Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, (арх. бр. 026432 од 31. 10. 2013 година), и Одлуката бр. 027908 од 03. 12. 2015 година за потреба од засновање на работен однос, Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

За потреба од засновање на работен однос со 2 (два работника за извршување на работи на неопределено време, во Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје.

Кандидатите, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат посебните услови за пополнување на следното работно место:

- 2 (два извршители за работното место работник за ФТО и ППЗ во Подружница ОПМ за ТС Дуброво, Неготино со средна стручна подготовка ССС II1/IV степен и лиценца за обезбедување на имот и лица со работно искуство од 1 година за кое работно место нето платата изнесува 23. 200, 00 денари.

Со пријавата кандидатите треба да достават:
- Кратка биографија (CV)
- Доказ за завршено образование (во оригинал или копија заверена кај нотар)
- Лиценца за обезбедување имот и лица
- Уверение за државјанство (копија)
- Доказ за работно искуство, со наведување на работното искуство и времетраењето на тоа искуство, издаден од компанија /институција/орган со која се докажува дека лицето (кандидатот) со конкретен степен на стручна подготовка има стекнато работно искуство, вештини и слично во оргинал или копија заверена кај нотар)
- Контакт телефон
Огласот трае 5 пет дена од денот на објавувањето не сметајќи го денот на објавувањето.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати за наведеното работно место. Работниот однос се заснова на неопределено време. Работната недела трае 5 работни дена полното работно време изнесува 40 часа неделно работата, се извршува во смени согласно распоредот за смени. Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави, нема да се земат во предвид при разгледувањето. Сите апликации ќе бидат обработени со максимална доверливост. За извршениот избор пријавените кандидти ќе бидат известени во рок од 5 (пет) работни дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со избраниот кандидат.

Рокот за доставување на пријавите и документите на заинтересираните кандидати изнесува 5 (пет) дена ,сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Потребните документи да се достават на адресата на АД МЕПСО Скопје, ул. Максим Горки" бр. 4 Скопје.

Операторот на електропреносниот систем на Македонија, Акционерско Друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје или скратено АД МЕПСО, Скопје нуди еднакви можности за вработување без оглед на пол, paca, возраст, политичко мислење, брачен статус, религија, етничка или национална припадност.