Служба за Развој на нови бизниси и иновации,Сектор за Дизајн и развој на ИКТ решенија и услуги,Главен Оперативен Директор за Деловни Корисници
Работно место: Виши соработник за деловен развој
Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место
Услови:
- Високо или Вишо образование - Технички факултет - Електротехника , Технички факултет - Информатички науки и компјутерско инженерство, Природно математички факултет, Економски факултет или останати факултети
- 1-3 години соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик
Работни задачи:
- Одговорен е за нудење на поддршка при развој на продукти од стратегиски карактер и следење на нивна имплементација се до момент на лансирање на продуктот согласно директивата за развој на нови продукти.
- Одговорен е за поддршка при развој на нови сервиси и надградување на постоечките сервиси во доменот на постоечките продукти
- Одговорен е за подготовка на проект планови и регуларна координација со сите инволвирани субјекти за почитување на предвидениот рок
- Одговорен е за подготовка на материјали релевантни за процесот за развој на продукти: иницијален опис на продукт, деловна студија, финален детален опис на продуктот, презентација и обука на вработени
- Да одржува регуларна комуникација со ИТ, организациските единици за продажба и останати организациски единици и да нуди техничка помош околу реализирање на продажниот процес
- Консултации со надворешни компании за реализирање на проектите
- Следење на животен циклус на продуктите, мониторирање на бројот на корисници и ескалација доколку резултатите се под планираните
- Подготвува анализи за остварените приходи од склучените договори со корисниците на услуги, го следи навременото извршување на задачите за остварување на поставените цели;
- Да прибира информации за продуктот/услугата од конкуренцијата
Способности и вештини:
Напредни способности за комуникација, одлични аналитички способности и способност за решавање на проблеми, напредни способности за презентација, организација и тимскa работa, способност за планирање на трошоци и финансиски анализи за имплементација на нови сервиси и технологии, самодоверба, креативност, проактивност, доверливост, флексибилност, посветеност, способност за работа под притисок и кратки крајни рокови
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата на следниот линк
http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или истата да ја испратите на следнава адреса : Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Виши соработник за деловен развој
Огласот ќе биде објавен на ден 11.12.2015 година и ќе трае до 15.12.2015
Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.
Основна нето плата е во висина од 22.954,00 денари и додатоци на плата.
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.
Пријави се