Македонија меѓу најлошите земји за живот во регионот

Македонија меѓу најлошите земји за живот во регионот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Според последните податоци од Обединетите Нации, најдобро се живее во Норвешка.


Најнов извештај за човековиот развој за 2015 година ги покажуваат најдобрите држави за живот во светот. На првото место се најде Норвешка, а по неа следуваат Австралија, Швајцарија, Данска, Холандија, Германија, Ирска, САД, Канада и Нов Зеланд.

Според извештајот, дури 11 од првите 20 земји се наоѓаат во Европа. Кога станува збор за регионот, најдобро место за живот е Словенија, која се наоѓа на 25-то место на листата од 188 земји. Хрватска е на 47-мо место, Црна Гора на 49-то, а Србија на 66-то.

Македонија се наоѓа на 81-во место и е сместена во категоријата на земји со „висок човеков развој“, а Албанија и Босна и Херцеговина го делат 85-то место.

На глобално ниво, најлошо се живее во Нигер, Централноафриканска република, Еритреја, Чад, Бурунди, Буркина Фасо, Гвинеја, Сиера Леоне, Мозамбик и Мали.

Извештајот бил составен врз основа на параметри како што се сиромаштија, писменост, образование, животен век и други фактори.