Причини зошто да аплицирате на Work&Travel во Америка

Причини зошто да аплицирате на Work&Travel во Америка

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Јас не сум иста откако ја видов Месечината како свети на другата страна од топката.“ - Мери Ен Радмакер.


Кариерата на секој успешен човек денес се состои од патување, запознавање луѓе и работа. Само студиите не се повеќе гаранција за добра работа - се бара и пракса, искуство, вештини. Студентите во земјава веќе неколку години имаат можност да добијат работно искуство и истото да го комбинираат со патување и авантура во текот на секое лето додека студираат. Програмата „Work&Travel“ со причина стана толку популарна меѓу студентите. А, сведочењата на оние кои биле сами говорат за себе.

Студентката Наташа Зекова од Технолошко-техничкиот факултет од Велес својот престој во САД го смета за нешто што ѝ го сменило животот, ѝ отворило многу перспективи и нови видици за иднината. Таа имала предизвици, но сето тоа останало во минатото штом стигнала таму.

„На фактот дека заминав сама, на почеток гледав со доза на скептицизам, но за многу кратко време тоа се замени со чувство на исполнетост, припадност и задоволство, благодарејќи на тимот со кој што имав прилика да соработувам и на начинот на кој бев прифатена од сопствениците на хотелот. Многу позитивна енергија, дружење, пријатна и топла атмосфера владееше меѓу сите нас“, вели таа.

За некои наши студенти, учеството во програмата било исполнување на животен сон. А, за многумина, сон е да се види Њујорк.


Бенјамин Џафери детално го опиша своето искуство кога првпат го видел градот:

„Го направив својот прв чекор во Њу Јорк, чувството не можам да го опишам, не спиев цела ноќ и шетав истражувајќи го градот. За Њу Јорк имав слушнато најразлични коментари и позитивни и негативни, јас уживав во секој миг и се што замислував претходно беше 100 пати поубаво и поголемо. Високите згради го одземаа здивот, се беше така убаво испланирано. Правите улици и квартовиот план на градот е речиси генијален, а погледот кој го добиваш ако застанеш на било која улица и погледнеш нагоре кон облакодерите не се опишува, посебно ако гледаш како изгрева сонцето некаде далеку над тебе и само зраците се одбиваат од прозорите на високите облакодери околу тебе.“

Кога сме кај соништата, Даниел Кимовски, студент и освојувач на 1-вата награда на „Танцот со ѕвездите“ во 2014 година две години учествувал во програмата „Work&Travel“, за време на кои му се исполниле повеќе соништа.


„Америка е држава која на секого му дава шанса, само прашање е кој и како ќе ја искористи. Јас ја доживеав Америка како држава со неограничени можности“, вели Даниел.

Една од неговите работи била на паркинг во реномиран американски хотел, кадешто тој можел да вози автомобили дури и од 250.000 долари. „Jaguar, Chevrolet, Dodge, Buick, Mercedes, Acura, BMW, Ford, Cadillac, Bentley, Mazda, Lincoln, GMC, Porsche, Volvo… мислам дека нема бренд на автомобил кој го немам возено! Впрочем , нели и тоа е дел од т.н American Dream“, пишува тој.

Учеството во програмата „Work&Travl“ е вистинско искуство дури и за родителите. Изјави од родители на студенти кои учествувале во програмата покажуваат дека тие се среќни што нивните деца живеале животни трансформации за време на нивниот престој во САД.

„Ви благодарам што од моето дете направивте вистински човек“ – изјави мајка на студент кој беше дел од програмата за летна студентска работа во Америка.

Родителите забележуваат многу промени по враќањето на нивните деца.

„Искрено забележав голем број на позитивни промени и тоа: голема самодоверба, самостојност во извршувањето на сите обрвски, иницијативност, верба во своите можности и она што мислам дека најмногу ме радува тоа што знае да го цени заработеното и бенефитите од работата “ – ни изјави Петре Караниколов, татко на Ѓорѓи Караниколов, студент кој летото во 2014 бил дел од програмата.

Програмата „Work&Travel“ се спроведува успешно благодарејќи на корпорацијата „Коузон“, која е една од ретките македонски компании кои имаат канцеларии во 17 земји низ светот и на 4 континенти. Годинава, компанијата го забележа својот 15.000-ти апликант за програмата.

Што значи ова за првиот човек на агенцијата, Зоран Кочоски?

„Пред се` морам да кажам дека сите ние во „Коузон" се чувствуваме горди на ова постигнување од причина што сме поставиле систем во кој студентите од Македонија имаат доверба. Индиректно, ова постигнување значи дека сме им овозможиле на толку илјади млади да го запознаат животот и работата во Америка, да се стекнат со дополнителни квалификации и пред се` да постават нови цели во животот. Одењето на летна студентска работа во Америка не е само по себе бенефит за студентите, туку носи оргомни животни придобивки како што се: осамостојување и поголема самодоверба, усовршување на англискиот јазик, развивање на т.н soft skills, работно искуство во мултинационална работна средина, стекнување на пријатели од цел свет. За да биде уште посликовито објаснето што значи оваа програма за младите студенти, би ја цитирал изјавата на една мајка која преку нас го испрати својот син во Америка на летна студентска работа. Таа рече „ Ви благодарам што од моето дете направивте човек “. А што направивме ние? Ние само му овозможивме да аплцира и да биде дел од програмата водеќи го низ сите процеси до Америка.“

Кочоски наведува неколку економски причини поради кои студентите треба да се одлучат за учество во програмата. Имено, тој вели дека „студентите во Америка можат да остварат приход три пати поголем од реалната инвестиција на патувањето и цената на програмата. Трошокот за патувањето во Америка е идентичен со трошокот што студентот би го имал доколку остане во текот на летото во Македонија. Во оваа пресметка влегуваат реалните животни трошоци, годишен одмор, џепарлак и слично. “

Зошто треба да го одберете „Коузон“?

Компанијата постои веќе 19 години и има изградено уникатен систем на подготовка на студентите за патување и работа во САД.

„Преку бесплатни обуки ги припремаме нашите студенти да имаат успешен старт во Америка како на полето на работата така и околу снаоѓањето во средините каде треба да живеат три-четири месеци“ - вели Кочоски.

Аплицирајте ОВДЕ.