ИЗВОД НА ОДРЕДБИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ
ШТО СЕ ИЗМЕНУВААТ И ДОПОЛНУВААТ
Член 8-а
Сертификатот од членот 8 став 1 точка 6 на овој закон го издава Министерството
за транспорт и врски врз основа на уверение за положен испит за професинална
компетентност.
Стручното оспособување на кандидатите за добивање на сертификат за
професионална компетентност на управителот или овластеното лице одговорно за
превоз го врши правно лице овластено од министерот за транспорт и врски, кое
располага со:
- минимум 30 м2 простор опремен за одржување на обуката,
- информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција и
- минимум три лица вработени во редовен работен однос со високо образование
(економски, сообраќаен или правен факултет), со најмалку три години работно
искуство од областа на транспортот кои поседуваат сертификат за обучувачи за
професионална компетентност издаден од Министерството за транспорт и врски,
по претходно положен испит за обучувачи за професионална компетентност врз
основа на програма.
Испитот за добивање на сертификат од ставот 1 на овој член се полага пред
Комисија за полагање на испит за професионална компетентност (во натамошниот
текст: Комисијата) формирана од министерт за транспорт и врски.
Комисијата од ставот 3 на овој член се состои од пет члена од кои три члена се од
Министерството за транспорт и врски и два члена од разни облици на здружување
на превозниците.
Членовите на комисијата за својата работа добиваат надомест.
На кандидатите кои го положиле испитот им се издава уверение за положен испит
за професионална компетентност.
За полагање на испитот за професинална компетентност се плаќа надоместок.
Висината на надоместокот треба да биде во рамките на направените трошоци за:
обука, литература, потрошен материјал, трошоци за испитната комисија и друго.
Трошковникот го утврдува правното лице од ставот 2 на овој член по претходна
согласност на министерот за транспорт и врски.
Министерството за транспорт и врски води евиденција за лицата кои го положиле
испитот за добивање на сертификат за професионална компетентност.
Начинот, постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на
сертификат за професионална компетентност на управителот или од него
овластеното лице одговорно за превоз , формата и содржината на уверението за
положен испит и на сертификатот за професионална компетентност, ги пропишува
министерот за транспорт и врски.
......
На кандидатите кои го положиле испитот за добивање на сертификат за
професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на
патници и стоки им се издава уверение.
Кандидатите за полагање на испитот плаќаат надоместок.
Висината на надоместокот треба да биде во рамките на направените трошоци за
обука: литература, потрошен материјал, трошоци за испитната комисија и друго.
Трошковникот го утврдува правното лице од ставот 2 на овој член по претходна
согласност на министерот за транспорт и врски.
Министерството за транспорт и врски води евиденција за лицата кои го положиле
испитот за добивање на сертификат за професионална компетентност на возач за
учество во меѓународен превоз на патници и стоки.
Начинот, постапката и програмата за полагање на испитот за добивање на
сертификат за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен
превоз на патници и стоки, формата и содржината на уверението за положен испит
и на сертификатот, ги пропишува министерот за транспорт и врски.
Член 8-е
Базите на прашања ги подготвуваат овластените правни лица од членовите 8-а
став 2 и 8-б став 3 од овој закон.
Прашањата за испитот ги верификува Министерството за транспорт и врски.
Полагањето на испитите се врши со одговарање на определен број прашања во
вид на решавање на електронски тест на компјутер.
Прашањата содржани во тестот за полагање испит и неговите одговори се чуваат
во единствениот електронски систем за полагање на испит.
Електронскиот систем содржи и јавно достапна база од најмалку 500 прашања од
областа.
Резултатите од полагањето на испитот му се достапни на кандидатот на
компјутерот на кој го полагал испитот веднаш по неговото завршување.
На денот на полагањето на испитот му се дава на кандидатот пристапен код,
односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем.
По одобрувањето на пристапот кандидатот добива електронски тест за испитот.
Во случај на спреченост на спроведување на испитот, поради причини што
доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем,
полагањето на испитот се прекинува.
Доколку причините од ставот 9 на овој член ќе се отстранат во рок од 60 минути од
прекинувањето на испитот истиот продолжува веднаш по нивното отстранување.
Доколку причините од ставот 9 на овој член не се отстранат во рокот од ставот 10
на овој член испитот се презакажува за друг термин.
На кандидатот за време на полагањето на испитот не му се дозволува да
контактира со други кандидати или лица, освен со информатичарот во случај
доколку има технички проблем со компјутерот.
Ако техничките проблеми со компјутерот бидат отстранети за пет минути испитот
продолжува, а доколку не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој
кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на
прекинувањето на испитот.
Ако има проблеми со повеќе од пет комјутери и тие не бидат отстранети во рок од
пет минути испитот се прекинува за сите кандидати што го полагаат испитот и ќе
се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот.
На барање на кандидатот Министестерството го информира за направените
грешки во тестот за полагање на испитот, со овозможување непосреден увид во
тестот.
Член 8-ж
Тестовите се користат и се даваат на кандидатот само за време на полагањето на
испитот.
Материјалите од одржаните испити, особено хартиените верзии и специмените за
проверка на точноста на одговорите, како и снимките од одржаните испити се
чуваат во Министерството за транспорт и врски.
Министерот за транспорт и врски формира Комисија за ревизија на одржаните
испити која во својата работа ги користи материјалите од ставот 2 на овој член и
во која, покрај другите членови, членуваат и претставник од Владата на Република
Македонија и информатичар од Министерството за информатичко општество и
администрација определен од Владата на Република Македонија.
Комисијата од ставот 3 на овој член се состанува најмалку еднаш годишно и врши
ревизија на начинот на спроведување на најмалку две сесии одржани во тековната
година.
Комисијата има право да изврши ревизија и на начинот на спроведување на
испитите одржани во последните пет години до денот на одржувањето на
состанокот на комисијата, но не порано од денот на примената на овој закон.
Доколку Комисијата утврди нерегуларности во спроведувањето на испитот од
страна на поединци предлага одземање на уверението за положен испит.
Министерот за транспорт и врски донесува решение за одземање на уверението
врз основа на предлогот на Комисијата во рок од три дена од приемот на
предлогот.
Целосниот предлог закон можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК