Откријте каква ќе ви биде годината според броевите

Откријте каква ќе ви биде годината според броевите

Подготвил: Драгана Петрушевска

Нумерологијата се основа на идејата дека броевите и буквите, како и сè останато што нè поврзува, се важни за нас и дека ни пружаат енергија која одредува какви сме како луѓе и какви ќе бидат нашите животи. Британскиот нумеролог, Мишел Бучанан за „Дејли мејл“ состави краток водич за пресметување и откривање на годината пред вас.


Пресметувањето се темели на девет броеви кои го претставуваат животниот циклус при што бројот еден е почеток, а бројот девет е крајот на животниот циклус. За да го пресметате својот личен годишен број треба да ги изброите цифрите од датумот на раѓање (без годината) со цифрите од годината за која сакате да добиете одговор (на пр. 2016). Така, личност родена на 11 декември би пресметувала: 1+1+1+2+2+0+1+6=14. Доколку бројот е двоцифрен, како во примерот, се бројат двете цифри: 1+4=5. Така, вашиот личен број би бил 5. Кога ќе го пресметате бројот, најдете го на листата.

Број 1

Оваа година ќе се случат големи промени и ќе се отворат нови можности, па не одолговлекувајте. Ќе чувствувате налив на енергија и нови идеи, но важно е да се даде доволно време за созревање на идеите бидејќи можеби ќе ви требаат и 12 месеци за да ги спроведете. Ова е година кога ќе мора да научите своите потреби да ги ставите на прво место. Без разлика дали се работи за промена на изгледот, губење на тежина или работа на психата, годината која сте ја одбрале мора да ви биде посветена вам.

Број 2

Личниот број 2 претставува зацврстување и примена на она што веќе сте го создале, но и чекање некои работи да се средат сами од себе. Ќе биде тоа „спора“ година и на моменти ќе ви се чини како баш ништо да не се случува. Немојте да се залажувате со помалиот број активности бидејќи некои случки ќе се развиваат и „далеку од сцената“. А, ако постои една работа која ќе ви загарантира успех во оваа година, тоа е трпението. Имајте на ум дека љубовта, врските и емоциите доаѓаат во прв план токму во оваа година. Постоечките врски ќе се зацврстат, а самите би можеле да запознат некоја посебна личност.

Број 3

Ако претходната година имало одложувања и фрустрации, тогаш оваа година работите повторно ќе забрзаат. Ќе брзате со полна пареа напред и ќе ги берете плодовите на сè она што сте создале. Многу се случува па веројатно ќе мора да вложите дополнително труд за да испланирате сè и да останете фокусирани на целите. Организацијата и приземноста се клучеви до успехот. Ќе биде идеална година за дружење и поминување време со луѓето околу вас, па поврзете се со старите пријатели и бидете отворени за создавање нови пријателства. Ќе биде опуштена година во која ќе доминира забавата и опуштеноста. Што и да правите, уживајте. Земете годишен одмор, патувајте, средувајте го домот, танцувајте, слушајте музика.

Број 4

Личниот број 4 означува сè што треба да направите за животот да ви биде подобар. Се работи за организирање на обврските и работата, за рационална проценка на сè што треба да се направи и за поставувањето на работите на свое место за поедноставно решавање на проблемите. Доведете се во физички ред, мислете на своето здравје, посветете се на дополнителното образование, земете животно осигурување, средете го домот или решете барем дел од папирологијата која ве очекува. Ова е и година во која е корисно да се планираат идните цели и да се преземат првите чекори за нивното исполнување. Искористете ја можноста и во следните 12 месеци поставете цврсти темели за својата иднина.

Број 5

Откако во претходната година сте вложиле многу труд и планирање во остварувањето на целите, сте влегле во динамична година исполнета со акција и очекувани и неочекувани промени. За некои тоа ќе биде промена на местото на живеење, врска или работа, а за други тоа може да значи промена во ставот, насоката во која се движите или животниот стил. Како и да е, пред вас има многу опции и не плашете се да ги прифатите предизвиците. Ова е и година која може да поттикне желба за претерано уживање, на пример во храна или алкохол. Не се препуштајте на ситните страсти - дисциплината и умереноста се клучни за успех.

Број 6

Годината означена со бројот 6 укажува дека ќе бидете на услуга на другите и дека ќе ги исполнувате своите обврски. Можеби некому ќе бидете рамо за плачење - не го одбивајте тоа. Без оглед дали се работи за постари роднини, болен член на семејството или чување дете, природно е да се чувствува отпор, но важно е да се биде свесен за своите чувства, без разлика дали се негативни или позитивни, како и фактот дека ништо не е вечно. Оние кои имаат проблеми со подолги врски ќе станат свесни за проблемите кои одеднаш ќе испливаат на површина. Нестабилните врски би можеле да пукнат, а оние стабилните да се зацврстат.

Број 7

Додека претходната година сте граделе односи и сте се посветувале на нив, ова е година во која повторно ќе се фокусирате на себе. Бројот 7 како личен број поттикнува самоанализа и длабоко разбирање на сопствената психа, како и она што го сакаме. Вашата главна задача за следните 12 месеци ќе биде личниот развој, духовната мудрост и наоѓањето одговори на прашањата кои ве мачат. Ова апсолутно не е време за нови работни можности и изградба на кариера. Ова е време да размислите. Вашата способност за истражување и разбирање е на врвот, па ова е воедно идеална година за дополнително учење или развој на постоечките знаења и способности, особено ако сте професионално врзани за ИТ-секторот и компјутерите, науката, психологијата, инженерството итн.

Број 8

Бројот 8 е фокусиран на работата, кариерата, недвижностите, финансиите и правните работи. Некои ќе имаат можност за напредок и финансиски профит, а некои ќе искусат финансиски загуби. Сè она што сте го започнале оваа година ќе исплива на површина. Ако сте биле искрени и напорно сте работеле, без грижа, ќе бидете наградени на некој начин, финансиски или кариерен.


Број 9

Бројот 9 ја означува последната година од циклусот, а со тоа и исполнување и трансформација за подготовка на новите почетоци. Голем дел од оваа трансформација вклучува и помирување со работите кои не можеме да ги смениме, како и одвојување од работите и луѓето кои за ништо не ви служат. Во секој случај, време е за повлекување нови црти и нови почетоци. Ова е и година на ново раѓање и „наплата“ кога конечно ќе се реализира сè. Со други зборови, ова е година во која ќе ви се врати вложениот труд, па може да почнете да се чувствувате вредно и достојно. Очекувајте го најдоброто и ќе го добиете најдоброто.