Уште една измама на која поверуваа корисниците на Фејсбук
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Илјадници корисници на Фејсбук, наседнаа на уште една измама која овие денови кружеше низ Фејсбук, а овој пат сите полудеа за богатството на Цукерберг.
Поточно, корисниците масовно споделувале статус во кој се наведува дека сите оние кои ќе го споделат статусот, заедно со тагнатите пријатели, ќе добијат 4.5 милиони долари од Цукерберг.
Пораката е всушност поврзана со најавата на Цукерберг дека ќе го подели своето богаство, но во неа се наведува и дека сопственикот на Фејсбук одлучил да даде 10% од своето богаство на обичните корисници.
Она што корисниците требало да го направат било да го споделат статусот и да означат 5 до 10 пријатели; потоа Фејсбук ќе ги „прегледа“ постовите на корисниците и ќе избере 1.000 на кои ќе им даде 4.5 милиони долари.
Дури и се наведуваше дека поделбата на богатството на Цукерберт била и најавена во телевизиската емисија „Good morning America“.