Лажни фотографии кои станаа популарни во 2015 година

Лажни фотографии кои станаа популарни во 2015 година

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дали и вие поверувавте во измамите? Овие фотографии се доказ дека не треба да се верува на сè што се чита и гледа на интернет.


Една мечка, два трипода и четири мажи бегаат за да ги спасат своите животи. Откако стана популарна на социјалните мрежи, оваа фотографија беше откриена дека е лажна, односно мечката е додадена во фотографијата.



Дали оваа жена се обидува да ја спаси магионичарката од давење? Всушност, се работи за инцидент од 40-те години на изминатиот век во Њу Орлеанс. Девојката во школката била бесна што била засенета од колешката за време на музичка изведба и истрчала на сцената и го скршила аквариумот.



Ова не е Марија Кири. Погледнете ја позадината во стилот на училишните слики од 90-те години и погледнете го фустанот. Во прашање е глумицата Сузан Мери Фронтзак.



Дали ова е фотографија од Индија од вселената за време на празникот на светлата? Секако дека не. Таа е илустрација на која е прикажан растот на населението во земјата.



Дали ова младо момче кое се ракува со Реган е Владимир Путин? Руските авторитети ги демантираа овие гласини.