Словенија направи автопат за велосипедисти
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Малата општина Руше во Словенија одлучи да им овозможи на своите жители безгрижно и сигурно да возат велосипед 15 километри до Марибор. Изграден е сосема нов пат што целосно е одделен од другиот сообраќај. Со оглед на тоа што „Дравската рута“ е доста популарна во Австрија, во општината Руше се надеваат дека со добра велосипедска инфраструктура ќе привлечат повеќе туристи во овој крај.
Патот минува и низ убав крај, од едната страна е Похорје, а од другата страна Драва. До Марибор уште треба да се изгради дел од автопат за велосипед и да се поврзе со самото градско подрачје.
Фото: Dražen Breitenfeld
„Дравската рута“ низ Словенија е долга 145 километри, низ Австрија 290 километри и низ Хрватска 265 километри. Од изворот во Италија, патеката до влезот на Австрија е долга 10 километри. Најдобрата инфраструктура, придружните објекти и понуди се во Австрија. Овој пат има оцена пет ѕвезди, највисока според прописите на германскиот велосипедски клуб ADFC. Ваква оцена имаат само уште четири велосипедски патеки во Европа. Голем е предизвикот пред Словенија, па и Хрватска.
Новиот велосипедски автопат во Словенија е направен во рустикален стил - мостовите и оградите се дрвени, како и местата за одмор. Има многу знаци, а особено се добри оние со конкретни податоци за местата низ кои поминувате, оддалеченоста и слично.
Фото: Dražen Breitenfeld
Од целата технологија и ГПС-трагите, сепак, визуелната ориентација и известувањето се она што е најважно. Сервисните информации за оддалеченоста до најблискиот ресторан, на пример, ви помагаат да го испланирате местото за ручек и одмор.
Интересни се и старите хидроцентрали на Драва, преку кои може да се помине и да се разгледаат.
Фото: Dražen Breitenfeld