Графикон покажува колкав дел од светот е вакциниран против Ковид-19

Графикон покажува колкав дел од светот е вакциниран против Ковид-19

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Вакцините против коронавирусот се произведуваат и сега треба да стигнат до луѓето. Досега низ светот беа одобрени неколку вакцини што ќе го спречат заболувањето од Ковид-19, но земјите се соочуваат со предизвик да добијат доволно вакцини за граѓаните и да го спроведат вакцинирањето.

Проектот за визуализирање на податоци „Нашиот свет во податоци“ (англ. Our world in data) собира податоци на разни мерки за кризата поврзана со коронавирусот, како број на заразени случаи, смртни случаи, хоспитализации и слично. Најновите податоци што ги нуди се за вакцинирањето. Проектот користи податоци од владини извори низ светот и ги претставува во различни форми.

Графикон 1: Дадени дози на вакцини на 100 луѓе (мапа)




Од податоците се гледа дека Израел вакцинирал најголем процент од населението досега - 23%, веднаш по Обединетите Арапски Емирати - 14,1%. Следуваат Бахреин, Велика Британија, САД, Италија, Германија, Кина, Русија, Франција и Мексико.

Графикон 2: Дадени дози на вакцини на 100 луѓе (листа)




Во светот досега се вакцинирале 29,78 милиони луѓе. Најмногу биле вакцинирани во САД - 10,28 милиони, па Кина - 10 милиони. Следуваат Велика Британија со 3,07 милиони, Израел со 1,99 милион, Италија со 800.730, Русија со 800.000, Германија со 758.093 жители итн.

Графикон 3: Број на дадени дози на вакцини




Автор: Ребека Сон
Извор: mashable.com
Фото: Screenshot/Our World in Data