Децата во Финска и на -17 степени одат со велосипед на училиште
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Велосипедист сте? Ако е така, тогаш сигурно не го возите вашиот велосипед во текот на зимските месеци, убедени дека велосипедите не се за на дожд, снег и мраз. Но, овој фински град е жив доказ дека зимскиот велосипедизам е можен со правилно планирање и инфраструктура.
Пека Тахола, инженер за урбанистичка благосостојба и координатор за велосипедизам на градот Оулу, неодамна го фотографирал училишниот паркинг за велосипеди на локалното училиште за да покаже дека и на -17 степени финските деца ги возат своите велосипеди.
Иако повеќето родители кај нас не би дозволиле нивните деца да возат
велосипеди на -17 степени, во Финска тоа е сосема нормално и здраво.
Фото: pekkatahkola