Три домаќинства ќе делат еден автомобил во новата холандска населба

Три домаќинства ќе делат еден автомобил во новата холандска населба

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Уште во 2011 година данската компанија „Копенхагензи“ објави сеопфатен индекс на секои две години за најдобрите градови низ светот за урбан велосипедизам. Оценувајќи ги параметрите инфраструктура, објекти, сообраќај, па дури и поделба на половите, компанијата успеа да го стесне изборот на 115 пред да ги објави првите 20. Во 2019 година четвртиот по големина холандски град, Утрехт, продолжи со својата доминација - се најде на трето место, зад Копенхаген и Амстердам.

Додека присуството на другите две моќни држави не е изненадување, Утрехт успеа да се најде на високо место благодарение на неговата подготвеност да направи големи промени. Во 2018 година проектниот менаџер на железничката станица Утрехт-Централ изјави:

- Ќе имаме 12.500 места за велосипеди до крајот на 2018 година. Но потоа ќе мора да спроведеме уште некое истражување и да најдеме повеќе места за велосипедите. Никогаш не запираме.

1

И не запреа. Оваа година Утрехт го зголеми капацитетот на станицата на неверојатни 22.000 места. Жителите во градот сега можат да возат велосипед до железничката станица, која е најголема во Холандија, да одат во други делови од покраината, земјата и континентот, и потоа лесно да си го земат велосипедот кога се враќаат. На други места во градот паметните сообраќајни сигнали и „брзите“ ленти се резервирани за е-велосипеди и го направија движењето уште поефикасно.

2

Најновата антиавтомобилска мерка на Утрехт е планираното соседство наречено „Мерведер“, каде што ќе живеат 12.000 луѓе на 24,2 хектари во југозападниот дел од градот. Ќе има достапни автомобили, но само како ограничена, регулирана флота - по еден на секои три домаќинства. Наместо тоа, транспортот ќе се фокусира на пешачење, возење велосипед и јавни автобуси.

3

5

Наместо да излезат од домот и да преминат опасна улица, соседството ќе се фокусира на плоштади и шеталишта. Ќе има и многу зелен простор; на терасите и во дворовите ќе бидат поставени вертикални градини и соларни панели, додека мостовите ќе служат за преминување на каналите на градот.

4

6

Секако, постои загриженост околу целиот проект. Имено, кој не би сакал да живее тука? Како ќе изгледа процесот на аплицирање? Дали можат ваквите проекти да доведат до премногу велосипеди на лентите на Утрехт? Дали ќе има локални училишта? Кога ќе биде отворен? За среќа, Утрехт ќе има доволно време за да одговори на сите прашања, со оглед на тоа што ќе почне да ги преселува жителите во соседството во 2024 година.

Извор: Fast Company
Фото: Мarco Broekman and OKRA