Дали можете да го изговорите градот со најдолго име во Европа?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Во Велика Британија се наоѓа град чие име официјално е најдолго во Европа.
Станува збор за градот Ланферпулгвингилгогерихверндробуландисилиогогогоху кој се наоѓа во Велс, а неговото име значи: „Црквата Света Богородица во долината на белите костени кај брзиот извор на црквата Св.Тисилиј со црвена пештера“.
Жителите на овој град без потешкотии го изговараат името на својот град, но понекогаш скратено го нарекуваат Ланферпул. Ваквото долго име е измислено во 60-тите години на 19-от век за да се привлече вниманието кон оваа заедница која денес е шеста според популацијата на целиот остров.
Градот повторно привлече внимание пред неколку дена, кога еден британски водител на временската прогноза без потешкотии го изговори името на овој град. Но, иако градот го има најдолгото име во Европа, сепак не е светски шампион. На првото место се наоѓа зборот Крангтепмаханакорнбоворнратанакосинмахинтарајудхујаамахадилокпопноомраџнивесманхасарнаморнпимарнаватарсакатијависнаукам, град повеќе познат по неговото кратко име - Багдад.