Од 2017 до 2023 година: Забележан пад на стапката на пушење цигари, пораст на користењето е-цигари
Намалување на стапката на пушење цигари и зголемување на стапката на исклучива употреба на електронски цигари е забележано кај возрасните луѓе во САД, во периодот од 2017 до 2023 година, според најновото истражување.
Рене А. Аразола од Центарот за контрола на болести и превенција во Атланта и колегите ги опишуваат трендовите во употребата на комерцијални тутунски производи, вклучувајќи запаливи тутунски производи, тутунски производи без чад и е-цигарите кај возрасните во период од седум години. Анализата вклучувала возрасни учесници (годишен опсег од 21.153 до 31.997) со податоци од Национална анкета за истражување на здравјето (2017-2023).
Истражувачите забележале значителен пад на сегашната преваленција на исклучиво пушење цигари (10,8 до 7,9 проценти), заедно со зголемување на преваленцијата на исклучива употреба на е-цигари (1,2 до 4,1 проценти).
Намалување на стапките на преваленција на исклучиво пушење обични цигари и луле (од 6,5 до 1,2 проценти и 1,0 до 0,1 проценти, соодветно) е забележано кај возрасните од 18 до 24 години, како и зголемувањето на преваленцијата на исклучива употреба на е-цигари (2,7 до 10,3 проценти). Сличен тренд е забележан кај возрасните од 25 до 44 години (преваленција на исклучиво пушење цигари: 12,0 до 7,6 проценти; преваленција на исклучива употреба на е-цигари: 1,5 до 6,1 проценти).
- Намалувањето на бројот на возрасни кои исклучиво пушат цигари за приближно 6,8 милиони лица беше неутрализирано со зголемувањето на бројот на оние што моментално користат исклучиво е-цигари (приближно 7,2 милиони) - пишуваат авторите.
Извор: medicalxpress.com
Фото: Freepik