Асанж: „Вистинскиот напад на вистината е таблоидното новинарство“
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Џулијан Асанж е австралиски новинар, хакер и програмер, познат како основач на „Викиликс“ и се смета за едно од највлијателните лица на денешницата.
Ви пренесуваме некои од најпознатите цитати и изреки на Асанж извадени од негови записи, книги, интервјуа...
1. Морате да почнете со вистината. Вистината е единствениот начин на кој можеме да стасаме некаде. Затоа што носењето одлуки базирано на лаги и незнаење не може да доведе до добар заклучок.
2. Ако новинарството е добро, тоа по природа е контроверзно.
3. Разузнавачките агенции ги држат нештата во тајност затоа што тие често го прекршуваат владеењето на законот или на доброто однесување.
4. Единствениот начин на кој можете да сочувате тајна е да немате тајна.
5. Во истражувачкото новинарство секогаш е најдобро ако имате јазични вештини, да не ги признавате.
6. Новинарството треба да биде повеќе како наука. Колку што е можно повеќе фактите треба да се проверливи. Ако новинарите сакаат долготраен кредибилитет за нивната професија, треба да одат во таа насока. Да имаат поголема почит кон читателите.
7. Еден од најдобрите начини за постигнување правда е разоткривањето на неправдата.
8. Големиот брат е дома. Тој е инсталиран во предметот што го донесе дома од продавницата на „Епл“.
9. Интернетот, нашата најголема алатка за еманципација, е претворен во најопасниот овозможувач на тоталитаризам кој некогаш сме го виделе. Интернетот е закана за човечката цивилизација.
10. Верувам дека патот до правдата е образованието.
11. Секој закон, секој пропис, секоја регулативна одлука се заснова на она што луѓето го дискутираат во нивната заедница. Се заснова на нашето вкупно знаење на историјата и сегашноста.
12. Можете да бидете информирани и сами свои владетели или може да бидете игнорантни и некој друг, кој не е игнорантен, да владее со вас.
13. Корупцијата во известувањето започнува многу рано. Тоа е како полицијата да известува за полицијата.
14. Мислам, вистинскиот напад на вистината е таблоидното новинарство во САД.
15. Моќта е работа на перцепцијата. Тие не треба да се способни да те убијат. Само треба да мислиш дека се способни да те
убијат.