Американски милијардер со депресивни предвидувања за царините на Трамп: „Загрижен сум за нешто полошо од рецесија“
Реј Далио, основач на „Бриџвотер“, една од најпознатите компании за управување со инвестиции и најголемиот хеџ фонд, изјавил дека е загрижен поради одлуката на Трамп за царините и дека едно нешто особено го загрижува.
Во интервју за „Ен-би-си њуз“, Далио истакнал дека превирањата околу царините би можеле да ја загрозат глобалната економија.
- Во моментов сме во фаза на донесување одлуки и многу сме блиску до рецесија. Загрижен сум за нешто полошо од рецесија ако ова не се реши правилно - рекол Далио.
Тој нагласил дека е многу позагрижен за трговските нарушувања, растечкиот долг на САД и новите светски сили кои ја нарушуваат меѓународната економска и геополитичка структура што постои од Втората светска војна.
- Се префрламе од мултилатерализам, кој е претежно американски тип на светски поредок, кон едностран светски поредок во кој има голем конфликт - додал тој.
Далио изјавил дека пет сили управуваат со сè низ историјата: економија, внатрешен политички конфликт, меѓународен поредок, технологија и природни катастрофи, како што се поплави и пандемии.
- Царините на Трамп имаат разбирливи цели, но тие се спроведуваат на многу деструктивен начин што создава глобален конфликт - објаснил тој.
Извор: 6yka.com
Фото: YouTube screenshot