Анкета: Колку и за што ја користите вештачката интелигенција?
Во последниве години вештачката интелигенција направи голем бум и огромен број луѓе ја користат за секакви цели. Некои од најпознатите алатки со вештачка интелигенција, како „Чет-ГПТ“, станаа дел од нашето секојдневие, па им се обраќаме за сè - од смешни до многу сериозни ситуации.
Поради тоа, решивме да направиме една кратка и анонимна анкета* во која ќе ни раскажете какво е вашето искуство со вештачката интелигенција и колку таа ви се нашла во животот.
Анкетата е кратка и анонимна, ве очекуваме! Не заборавајте кога ќе завршите со одговарање, да кликнете на Submit.
*анкетата не е на научна основа