„Харвард“ му се спротивстави на Трамп, а тоа го чинеше 2 милијарди долари

„Харвард“ му се спротивстави на Трамп, а тоа го чинеше 2 милијарди долари

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави дека го замрзнува сојузното финансирање за „Харвард“ во износ од над две милијарди долари, по само неколку часа откако елитниот универзитет ги одби барањата што пристигнаа од Белата куќа.

- Изјавата од „Харвард“ само го потврдува длабоко вкоренетото чувство на привилегија што е присутно кај најпрестижните универзитети во земјата - соопшти американското Министерство за образование.

Минатата недела Белата куќа испрати список со барања до „Харвард“ наведувајќи дека е насочен кон борба против антисемитизмот на универзитетскиот кампус. Барањата вклучуваа промени во управата, политиките за вработување и постапките за запишување студенти.

„Харвард“ ги одби барањата обвинувајќи ја Белата куќа дека се обидува да ја „контролира“ нивната заедница.

Ова е првиот голем американски универзитет кој јавно ѝ се спротивстави на администрацијата на Трамп. Белата куќа бараше сеопфатни промени кои значително ќе го изменеа начинот на функционирање на универзитетот и ќе префрлеа голем дел од контролата во рацете на федералната власт.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia