Намерно турнал девојче од групата во градинка кое си ја удрило главата од масата. Дали ваквата агресија ќе помине и што да преземеме?
Ви пишувам во врска со мојот син кој има 2 години. Тргна во градинка во септември и на почетокот имаше агресивно однесување, но го прифативме како нормално поради промената. Неодамна ми се пожалија учителките дека без да биде испровоциран, турнал едно девојче, кое со главата удрило во масата. Ваква агресија нѐ исплаши и нѐ загрижи, не само нас, туку и учителките. Инаку е напреден, темпераментен, многу зборува, сврзува реченици. Секој ден сме надвор, игра со топка, каменчиња, на лулашки итн. Не пуштаме телевизор или телефон. Водиме смирен живот, пробуваме да му објаснуваме сѐ. Пробуваме смирено да пристапиме на сите предизвици со кои се соочуваме. Прашањето ми е дали ќе помине? Дали е нормална ваква агресија? Дали ќе се подобрат работите и како? Што уште да преземеме?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк