Луѓето најчесто лажат дека ги прочитале овие книги

Луѓето најчесто лажат дека ги прочитале овие книги

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Не постои ништо подобро од добра книга, а рестриктивните мерки за ограничено движење ни овозможија и многу време за читање.

Навистина, кога не гледаме серии, кога не готвиме, обично читаме книги што долго време биле на нашите листи за читање.

Истражување за навиките за читање во кое учествувале 2.000 Британци, спроведено од „Би-би-си стор“, открило дека секој четврти испитаник лажел дека ја прочитал книгата кога излегла нејзина филмска или сериска адаптација.

Најпопуларна причина за ова била желбата да учествува во одредена дискусија и да се прикаже како поинтелигентен.

Холи Ричардсон, која учествувала во истражувањето, вели дека лаже дека прочитала одредена книга поради тоа што сака да избегне осуда и предрасуди.

- Ако сум во група во која сите зборуваат за одредена книга, не можам да го запрам разговорот и да речам дека не знам за што станува збор и дека не сум ја прочитала. Претпоставувам дека првата реакција на луѓето би била: „Не можам да верувам дека не си ја прочитала“. За да не се чувствувам понижено, недоволно паметно или да не мислат дека сум мрзлива затоа што не читам, лажам - вели таа.

1
Фото: Pixabay

Ако се прашувате кои се тие книги за кои луѓето најчесто лажат дека ги прочитале, погледнете ги во продолжение:

1. „Алиса во земјата на чудата“ - Луис Керол
2. „1984“ - Џорџ Орвел
3. „Господар на прстените“, трилогија - Толкин
4. „Војна и мир“ - Толстој
5. „Ана Каренина“ - Толстој
6. „Авантурите на Шерлок Холмс“ - Артур Конан Дојл
7. „Да се убие птицата подбивница“ - Харпер Ли
8. „Дејвид Коперфилд“ - Чарлс Дикенс
9. „Злосторство и казна“ - Достоевски
10. „Гордост и предрасуди“ - Џејн Остин
11. „Мрачна куќа“ - Чарлс Дикенс
12. „Хари Потер“, серијал - Џ.К. Роулинг
13. „Големите очекувања“ - Чарлс Дикенс
14. „Дневникот на Ана Франк“ - Ана Франк
15. „Педесет нијанси сиво“, трилогија - Е.Л.Џејмс
16. „Десет мали црнци“ - Агата Кристи
17. „Големиот Гетсби“ - Ф.Скот Фицџералд
18. „Оливер Твист“ - Чарлс Дикенс
19. „Квака-22“ - Џозеф Хелер
20. „Ловец во жито“ - Ј.Д.Селинџер

Извор: Stylist.co.uk
Фото: Pixabay