САД имаат најдобар систем за високо образование според новото рангирање на „Университас 21“
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
„Университас 21“ е мрежа на универзитети кои се активни во истражувачката работа. Мрежата порано месецов ја објави својата деветта по ред ранг-листа со најдобри високообразовни системи во светот.
Извештајот на мрежата се разликува од останатите рангирања од областа на високото образование по тоа што ги оценува државните системи за високо образование наместо посебните високообразовни институции. Во анализата мрежата се фокусира на ресурсите, околината, поврзаноста и резултатите на институциите во државите.
Фото: Pixabay
Според најновиот извештај, САД се наоѓаат на првото место на ранг-листата, односно имаат најдобар систем на
високо образование како држава. По САД следуваат Швајцарија и Данска. На листата со најдобри десет држави се и Сингапур, Шведска, Велика Британија, Канада, Финска, Австралија и Холандија.
Во споредба со претходната година, Сингапур се качила за три места, а Данска се качила за две места на ранг-листата. Велика Британија паднала три места поради падот во рангирањето на земјата според ресурсите.
На целосната
листа од 50 земји, Словенија се наоѓа на 28. место, Грција на 37., Србија на 42., Хрватска на 43., а Бугарија на 45. Македонија не се наоѓа на листата.