Европската Унија го објави конечниот текст од Законот за вештачка интелигенција

Европската Унија го објави конечниот текст од Законот за вештачка интелигенција

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Новиот закон ќе стапи во сила 20 дена по објавувањето, што значи дека ќе се применува од 1 август. Иако сите негови одредби ќе бидат целосно применливи за две години, некои од нив ќе бидат имплементирани многу порано.

Фазен пристап

За шест месеци Унијата ќе почне да применува забрани за недозволена употреба на вештачка интелигенција. Тие вклучуваат употреба на систем за социјално бодирање, моделиран на кинеската социјална оцена на соодветност, собирање и компилација на информации за препознавање лица и употреба на системи за препознавање емоции во реално време во училиштата и на работните места.

По девет месеци од неговото стапување во сила, ЕУ ќе започне со примена на кодекс на практика за развивачите на вештачка интелигенција. Канцеларијата за вештачка интелигенција на Европската комисија ќе соработува со консултантски компании за развојот на овие кодови. Сепак, тоа предизвикува загриженост дека најголемите играчи во индустријата ќе можат да ги обликуваат правилата што треба да ги држат под контрола.

Против „дипфејк“

По една година, развивачите на модели со вештачка интелигенција за општа намена како „Чет-ГПТ“ ќе мора да се усогласат со новите барања за транспарентност и да покажат дека нивните системи се безбедни и лесно објаснети на корисниците. Покрај сето горенаведено, Законот за вештачка интелигенција вклучува правила поврзани со генеративната вештачка интелигенција и манипулираните медиуми, како што се јасно означување на длабоки фејкови и други слики, видеа и звуци генерирани со вештачка интелигенција.

Авторски права


Компаниите што ги обучуваат нивните модели со вештачка интелигенција ќе мора да ги почитуваат законите за авторски права, освен ако нивниот модел е создаден исклучиво за истражувачки цели.

- Носителите на правата можат да ги задржат своите права врз своите дела или други предмети за да го спречат ископувањето текст и податоци, освен ако тоа не е направено заради научно истражување - се вели во текстот на Законот.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik