Првиот олимписки е-спортски турнир ќе се одржи во Саудиска Арабија следната година

Првиот олимписки е-спортски турнир ќе се одржи во Саудиска Арабија следната година

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Непосредно пред почетокот на Олимписките игри во Париз ова лето, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го објави почетокот на партнерството со Националниот олимписки комитет на Кралството Саудиска Арабија (НОК), кој ќе биде домаќин на првиот официјален олимписки турнир за е-спорт.

Олимписки е-спортски игри – е официјалното име на натпреварувањето, кое беше воспоставено минатиот месец, со кое МОК сака да држи чекор со развојот на модерната технологија и дигиталната револуција. По потпишувањето на договорот оваа недела, јасно е и дека следната година во Саудиска Арабија ќе се одржи првиот официјален олимписки е-спортски турнир.

Олимписки е-спортски игри 2025 година


На потпишувањето на договорот, претседателот на МОК, Томас Бах, изјавил:

- Со партнерството со саудискиот НОК, обезбедивме почитување на олимписките вредности, особено во однос на насловите на игрите на програмата, промовирањето на родовата еднаквост и вклучувањето млада публика која го прифаќа е-спортот.

Од саудиска страна, говорел принцот Абдулазиз бин Турки Ал Фајсал, министер за спорт и претседател на НОК:

- Саудиска Арабија е многу возбудена поради можноста за партнерство со МОК и воведување сосема нова ера за меѓународниот спорт. Ние веруваме дека учеството на Олимписките игри е голема чест што може да ја постигне секој спортист. Горди сме што го поддржуваме пишувањето на новото поглавје во олимписката историја, кое има потенцијал да инспирира нови соништа и нови амбиции за буквално милиони спортисти околу светот.

Тој, исто така, истакнал дека во нивната земја има околу 23 милиони гејмери, па затоа е логичен чекор е-спорт игрите да се одржуваат на нивна територија.

12 години соработка

Како дел од својот план „Визија 2030“, Саудиска Арабија инвестира многу во спортски натпревари, домаќин е на многу турнири во различни традиционални спортови, од тенис и бокс до фудбал.

Местото, датумот и другите детали за Олимписките е-спортски игри 2025 година, како што се точните наслови на игрите што ќе се играат, квалификациските процеси и слично - сето тоа ќе биде објавено подоцна.

Извор: bug.hr

Фото: ign.com