Фотографија што јасно покажува во каква состојба бил мостот Моранди пред колапсот
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Фотографија од минатата недела, покажува во колку лоша состојба бил мостот Моранди. На фотографијата се гледаат како висат кабли од долната страна.
Фотографијата доаѓа во време кога гневот на граѓаните расте, откако било откриено дека долго време пред колапсот, експертите предупредувале за проблемите со структурата.
Додека причината за колапсот на мостот во Џенова сѐ уште не е позната, во последниве години нашироко се дебатирало за состојбата на мостот и инфраструктурата на Италија воопшто.
Мостот, што служи и како автопат, се урна вчера без никакво предупредување. Во моментот на колапсот, на автопатот имало 35 автомобили и неколку камиони. Според последните информации, загинаа 42 лица, меѓу кои три деца на возраст од 8, 12 и 13 години.
Мостот беше главна сообраќајница во градот, а ги поврзуваше патиштата кон Франција и Милано.