Новата продавница на „Епл“ во Сингапур е сфера што плови на вода

Новата продавница на „Епл“ во Сингапур е сфера што плови на вода

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сингапурскиот залив Марина Беј е познат по својата архитектура, а сега доби и нова современа градба која го прави уште поатрактивен. Станува збор за новата продавница на компанијата „Епл“ дизајнирана од „Фостер + партнерс“.


Фото: Apple

Ова е првата продавница на „Епл“ што плови на вода. Архитектите дизајнирале модерна сфера за која биле инспирирани од познатиот римски Пантеон. Сферата е направена од стакло.


Фото: Apple

До продавницата може да се стигне преку подземен тунел кој ја поврзува сферата со трговскиот центар што е во близина. Во тунелот има производи на „Епл“. Ова е трета продавница на „Епл“ во Сингапур.


Фото: Apple

Автор: Џесика Стјуарт
Извор: mymodernmet.com