Град во Јужна Кореја им нуди пари на паровите за да започнат врска и да се венчаат

Град во Јужна Кореја им нуди пари на паровите за да започнат врска и да се венчаат

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Јужнокорејски округ смисли нов начин како да се справи со намалената стапка на наталитет во земјата: им плаќа на своите граѓани да се венчаат и да имаат деца.

Канцеларијата Саха-гу во Бусан планира да организира состаноци за склопување врски во октомври и им нуди 750 долари на сите што ќе почнат врска како резултат на состаноците.

- Проектот е дизајниран за надминување на демографската криза во услови на ниска стапка на наталитет во Јужна Кореја преку формирање мултикултурна локална заедница во иднина - изјави Ли Гап-Џун, началник на округот.

Округот ќе организира состаноци на слепо за сите Корејци на возраст помеѓу 23 и 43 години, а не се во брак и живеат или работат во овој округ. Ако парот остане заедно и одлучи да се венча и да го запознае семејството на партнерот, секој од нив ќе добие дополнителни 1.490 долари.

Јунг Џае-Хун, универзитетски професор по социологија, вели дека Јужнокорејците сега избираат да трошат повеќе пари на себе наместо да основаат семејство.

Тие се и лидери во трошењето пари на луксузни стоки во светот, со 325 долари по глава на жител.

Овие мерки не се прва иницијатива за зголемување на наталитетот во земјава. Многу компании почнаа да нудат награди за вработените што ќе одлучат да основаат семејство.

Така, градежниот гигант „Бујанг груп“ на своите вработени им нуди 75.000 долари за секое бебе што ќе го имаат, беше објавено во март 2024 година.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik