Овој футуристички еколошки хотел ќе биде изграден во подножјето на глечер

Овој футуристички еколошки хотел ќе биде изграден во подножјето на глечер

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

И додека ѝ се восхитуваме на античката архитектура, денешните архитекти дизајнираат неверојатни градби земајќи предвид фактори како што се влијанието врз средината и самоодржливоста.

Овој неверојатен хотел во форма на прстен, дизајниран од архитектите Снохета и Сварт, кога ќе биде завршен, ќе биде првиот енергетски ефикасен хотел во светот.

1

Хотелот ќе биде изграден во подножјето на глечерот Свартисен, втор по големина глечер во Норвешка, а благодарение на материјалите за градба и специјалниот дизајн, хотелот ќе троши 85 отсто помалку електрична енергија од обичен хотел.

Дизајнот ја покажува убавината на едноставноста, со кружна зграда над фјордот Холандсфјорден. Основата на хотелот ќе се гради со потпорници директно на вода. Потпорниците ќе служат и како патека каде што гостите ќе можат да прошетаат и како складиште за бродови и кајаци. Како дел од идеалот за еколошка свест, моторните возила нема да имаат пристап до хотелот.

2

- До скапоцената природа околу хотелот ќе може да се дојде само со брод. Постојат и планови да се воведе неутрално-енергетски брод од градот Буде до хотелот - вели компанијата.

3

Кружниот дизајн ќе им овозможи на сите соби и објекти пристап до сончевата светлина, а покривот ќе биде покриен со соларни панели за хотелот да биде енергетски ефикасен.