Шансите дека живееме во компјутерска симулација се 50-50, вели астроном од „Колумбија“
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Филозофот Ник Бостром од Универзитетот „Оксфорд“ во труд од 2003 година ја претстави можноста дека универзумот е компјутерска симулација замислена од многу напредна цивилизација. Сега, астрономот Дејвид Кипинг од Универзитетот „Колумбија“ внимателно го разгледал трудот на Бостром и тврди дека шансите дека навистина живееме во симулација се 50-50.
Но доколку луѓето некогаш направат таква симулација,
сликата радикално би се сменила. Според него, тогаш би останале само со хипотезата дека навистина живееме во симулација.
Фото: Pixabay
- Денот кога ќе ја измислиме технологијата, таа ќе ги смени шансите од 50-50 дека навистина постоиме до речиси сигурност дека не постоиме, според овие пресметки - вели тој.
Други откритија би можеле да ја потврдат оваа хипотеза, а некои сметаат дека во следните децении ќе успееме да ја докажеме теоријата со помош на технологијата. Засега мора да се помириме дека едноставно не знаеме дали живееме во симулација.
Автор: Виктор Тангерман
Извор:
futurism.com