Еден додаток во исхраната ја намалува агресијата до 28 отсто
Останете смирени и пробајте омега-3. Масните киселини, достапни како додатоци во исхраната преку капсули со рибино масло и за кои се смета дека помагаат во менталната и физичката благосостојба, исто така може да ја намалат агресијата, според една неодамнешна студија.
Овие наоди не произлегле тукутака: омега-3 претходно беа поврзани со спречување на шизофренијата, додека агресијата и асоцијалното однесување се смета дека делумно произлегуваат од недостатоците во исхраната. Она што го јадеме може да влијае врз хемијата на нашиот мозок.
Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија направиле помали студии за ефектите од суплементацијата на омега-3 врз агресијата. Нивната метаанализа разгледала 29 рандомизирани контролирани испитувања со вкупно 3.918 учесници.
Сите испитувања откриле скромен, но забележлив краткорочен ефект, што значи намалување на агресијата до 28 проценти кај голем број варијабли (вклучувајќи возраст, пол, медицинска дијагноза и должина и доза на третман). Покрај тоа, намалувањето на агресијата вклучувало и реактивна агресија (како одговор на провокација) и проактивна агресија (однапред планирано однесување).
Пред оваа студија не било јасно дали омега-3 може да помогне со овие различни видови агресија.
Извор: svijetkulture.com
Фото: Freepik