Има три години и сѐ уште носи пелени. Дали да ја оставиме сама да ги отфрли кога ќе биде спремна?

Има три години и сѐ уште носи пелени. Дали да ја оставиме сама да ги отфрли кога ќе биде спремна?

Мојата ќерка има 3 години и не оди во градинка. Не живееме во Македонија. Пред некое време отидовме во Македонија во посета на роднините и сите почнаа да ѝ зборуваат дека е голема и дека е време да ги фрли пелените. Некогаш седнува на нокширче или на адаптер, но повеќе е неуспешно (или доцна кажува, или не кажува). Не покажува знаци дека не ѝ е удобно во мокра пелена и повеќе сака да носи пелена отколку гаќички. Се обидуваме сами почесто да ја седнуваме на нокширче, но чувствувам дека ја мачиме. Сега се преселивме во нова средина, не познаваме никој тука, нема роднини, нема другарчиња и мислам дека уште почесто се подмочува можеби од тага или некаква бунтовност. Дали да ја оставиме сама да биде спремна за фрлање на пелените? Ако се откажеме сега од одвикнување, да не ја збуниме повеќе? Ве молам за совет, како правилно да постапиме.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк