Ова се земјите што имаат највисока стапка на одбивање шенген-визи

Ова се земјите што имаат највисока стапка на одбивање шенген-визи

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Добивањето шенген-виза е прилично макотрпна работа токму поради долгиот процес што една личност треба да го помине.

Оваа виза на посетителите им нуди пристап до 29 земји во шенген-зоната. Така, обезбедувањето на оваа виза може да биде тешко искушение што не би му се допаднало никому. Во меѓувреме, постојат земји што се познати по нивните високи стапки на одбивање шенген-визи.

Во продолжение се топ-5 земји со највисоки стапки на одбивање шенген-визи, како и тешкотиите со кои може да се соочат патниците.

Франција

Франција е популарна туристичка дестинација, позната по некои од култните знаменитости и привлекува огромен број посетители годишно. Според извештаите, француските власти одбиле 436.893 барања за виза во 2023 година, што резултирало со стапка на одбивање од 16,6 отсто. Исто така, важно е да се забележи дека Франција обработува најмногу барања за шенген-визи годишно, што на некој начин ги зголемува шансите за одбивање поради огромниот обем на апликации.

Шпанија


Шпанија е на второто место, со 251.000 одбиени барања за виза во 2023 година. Иако стапката на одбивање од 15 отсто не е највисока, таа сепак претставува значителен број разочарани апликанти. Затоа, сите што планираат посета на Шпанија, треба да имаат темелно подготвени документи за да избегнат одбивање.

Германија

Германија е уште едно популарно туристичко место кое е познато по тоа што има прецизни и ефикасни процеси за да им помогне на луѓето да ја завршат својата работа. Сепак, забележа голем број одбивања на визи. Според извештаите, германските власти одбиле 208.000 барања за виза во 2023 година. Затоа, од клучно значење е апликантите да презентираат темелни документи. Освен тоа, добро е да се знае дека Германија има построги апликациски стандарди за примена од некои други земји од шенген-зоната.

Италија

Во 2023 година Италија одби 133.000 барања за шенген-виза. Земјата има значителна стапка на одбивање шенген-визи, иако голем број посетители сонуваат за патување во Италија.

Холандија

Холандија забележа еден од најголемите скокови во бројот на одбивања на визи во 2023 година. Речиси 114.000 апликации биле одбиени, што укажува на пораст од 61,9 отсто во споредба со 2022 година.

Извор: Timesofindia.com
Фото: Freepik