Доктор - советник во серијата „Вовед во анатомија“ раскажува за одлуката да се прикаже пандемијата во епизодите

Доктор - советник во серијата „Вовед во анатомија“ раскажува за одлуката да се прикаже пандемијата во епизодите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Насер Алазари имал 24 години кога зборовите на Меридит Греј првпат допреле до него.

- Морам да кажам, првата епизода, кога ја гледав и слушав Елен Помпео (актерката што ја глуми Меридит Греј), беше како арија. Беше свечена арија за животот и смртта - раскажува тој.

Кога неговата сестра Сафара Алазари му подарила ДВД-комплети од првите три сезони од „Вовед во анатомија“, тој првично се спротивставил на нејзините напори да го натера да ја гледа серијата за група доктори во болница во Сиетл.

Сега, на 36 години, Насер е хируршки советник токму за оваа серија, и како што вели, благодарен е на својата сестра што инсистирала да ја гледа серијата. И веројатно благодарна е и серијата „Вовед во анатомија“, затоа што искуството на Алазари од прва рака во текот на тековната глобална пандемија помага во реализирањето на новата сезона, што не е како ниедна друга.

- Бев поборник да се почне сезона во која ќе биде опфатена пандемијата затоа што чувствувам дека серијата има толку неверојатно пристапност до луѓето и е поврзана со нив, што треба да бидеме таму. Ќе ја споделиме вашата фрустрација. Ќе ја споделиме вашата загуба и ќе бидеме таму кога сето ова ќе заврши - вели Алазари.

grej
Фото: Screenshot/Youtube

Како да се спаси живот

Роден и пораснат во Ирак, Алазари знаел дека ќе биде доктор уште кога имал 18 години. Искусувајќи неколку војни, тој вели дека чувствувал обврска да биде помошник во свет каде што човекот страда, каде што се соочува со сиромаштија и болести (неговиот татко починал од рак на панкреасот).

- Сакав да разберам повеќе за оваа наука, која е фасцинантна. Но, тогаш не го сфатив влијанието: дека човек може да ги промени животите на другите луѓе - вели тој.

„Вовед во анатомија“ му ги отворила очите на многу начини во 2007 година. Тој се запишал на медицина на Универзитетот „Ал-Нахраин“ во Багдад, но кога ја гледал серијата, одлучил да работи напорно за да може да практикува медицина во САД. Тој вели дека го привлекла врвната технологија во биотехнологијата, хируршкото напредување, пристапот до нови фармацевтски препарати и други системи што ги поттикнуваат лекарите да нудат висококвалитетна нега.

- Запомнете, живеев во Ирак за време на строгото ембарго, кога санкциите на ОН го ограничија пристапот до медицинско снабдување во земјата, што го трауматизира нашиот здравствен систем. Тоа, заедно со корупцијата предизвика дисфункционалност во нашето здравство - раскажува тој.

По пет години откако отишол во САД како доктор-стажант, тој добил е-порака за аплицирање за програма создадена од д-р Зоан Клак, извршен продуцент на „Вовед во анатомија“ и лекар во ургентно одделение. Оние што биле избрани за стипендијата за комуникација во серијата требало да служат како консултанти одреден временски период, помагајќи им на писателите да ја водат медицинската приказна.

- Се сеќавам дека си реков: „Нема шанси да ме земат. Животот не ми е толку добар за некој да ме земе во вакво шоу“ - раскажува тој.

Но, го избрале.

Седум години подоцна, „добро“ не е зборот со кој би можел да се опише 2020 година. Потсетувајќи се на почетоците на пандемијата, Алазари го нарекува своето искуство „дистописко“. Во март, „Вовед во анатомија“ престана да се снима, како и другите серии, па така Алазари работел во болница што обезбедувала итна нега.

На почетокот, кога малку се знаело за вирусот и за неговата трансмисија, тоа било огромна фрустрација за него и за другите медицински професионалци бидејќи немале протоколи, немале опрема за лична заштита или тестови за оние што доаѓале со симптоми. Во тоа време работеле импровизирајќи.

- Но, јас веќе го имав искусено ова во војните во Ирак. Се чувствував како да сум во воена зона. Ова е првпат да ја видам Америка ваква - кога чувствуваш дека луѓето се исплашени, непријателот е невидлив, немаме доволно информации за што станува збор и немаме доволно ресурси - раскажува Алазари.

naser
Фото: CNN

Сепак, тој сметал дека е важно да работи.

- Чувствував дека ова е повик за мене како лекар и ви гарантирам дека многу лекари и медицински сестри се чувствуваат исто - дека мора да бидеме тука за нашите луѓе. Мене ми е обврска да бидам глас на разумот и науката. Ми беше огромна чест да бидам дел од услугата за овие луѓе - вели Алазари.

Имало краток момент кога водечкиот продуцент на „Вовед во анатомија“, Криста Верноф, помислила серијата воопшто да не ја прикаже пандемијата. Но, како што вели таа, Алазари е еден од луѓето што ја убедиле да ја вметне во серијата.

- Не сакавме да ја раскажуваме приказната за Ковид-19, туку да го направиме ковид-универзумот во кој моментално живееме. Ќе го зачуваме духот на „Вовед во анатомија“ и истовремено ќе бидеме присутни во раскажувањето приказни за пандемијата - вели Криста.

Како серија што доби многу пофалби за приказните за многу медицински теми и проблеми, вклучувајќи ги и смртноста кај родилките, сексуалните напади и трговијата со луѓе, серијата ќе се справи со коронавирусот со огромно чувство на одговорност.

- Мораат да одат по „тенка линија“. Сакаат да дадат ажурирани информации, но не да се залагаат за неодобрен третман од некаков вид - вели Алазари.

- Гледам како се трансформираше сетот и низ што мораше да помине екипата за да ги создаде овие епизоди. Според мене, тоа е херојски чин. На крајот на краиштата, вие создавате забава за да се врати во домовите на овие луѓе што ја гледаат серијата 17 години. Го правите тоа затоа што сакате да бидете таму со нив. Актерската екипа и целиот тим вложуваат огромен напор и ја поздравувам нивната храброст, токму поради тоа - вели Алазари.

Извор: CNN
Фото: