Можете ли да ја решите оваа логичка задача од средношколски тест во Русија?

Можете ли да ја решите оваа логичка задача од средношколски тест во Русија?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Научниците долго време го вежбаат мозокот со загатки и логички тестови. Една ваква логичка задача неодамна ѝ го привлече вниманието на јавноста откако била поставена на тест по математика во средно училиште во Русија.

Економистот и математичар Преш Талвакар објавил видео на својот канал на „Јутјуб“ во кое ја решава задачата за неколку минути. Дали вие ќе успеете да ја решите толку брзо?

Проблемот гласи вака: Дима забележал чуден часовник во музејот. На него немало броеви и изгледа како да не е поставен правилно. Стрелките за секунди, минути и часови имаат иста должина. Но тој функционирал како стандарден часовник. Колку е часот?


Фото: Screenshot/Youtube

Во видеото Талвакар објаснува како стигнал до решението, а под него се наоѓа и одговорот.


Одговор: Часовникот покажува 4:50 часот.

Автор: Фабиен Ланг
Извор: interestingengineering.com
Насловна фотографија: Pixabay