Новата реклама на „Кока-Кола“ ни покажува зошто на светот му требаат повеќе Дедо Мразовци

Новата реклама на „Кока-Кола“ ни покажува зошто на светот му требаат повеќе Дедо Мразовци

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

„Кока-Кола“ ја откри својата реклама која со нетрпение ја очекуваме за време на празничната кампања.

„На светот му се потребни повеќе Дедо Мразовци“ е мотото на овогодишната божиќна кампања на „Кока-Кола“, која го слави духот на Дедо Мраз во сите нас.

Дедо Мраз служи како симбол на љубезност, великодушност и добра волја, без оглед дали станува збор за помагање на соседот, споделување на последната „кока-кола“ или подавање рака на непозната личност која има потреба од тоа.

„Кока-Кола“ има долгогодишна поврзаност со ликот на Дедо Мраз по неговата првична употреба во божиќните реклами во 20-тите. Во 1931 година, „Кока-Кола“ му наредила на Хадон Сандблом, илустратор роден во Мичиген, да создаде слики од Дедо Мраз кои ќе бидат обработени во рекламите на брендот за време на празниците. Култните слики се синоним за „Кока-Кола“, а оригиналите може да се најдат во уметничките галерии низ светот.

 

Извор: lbbonline.com
Фото: Screenshot/YouTube