Студентите од студентските домови во Скопје ќе имаат официјална студентска картичка

Студентите од студентските домови во Скопје ќе имаат официјална студентска картичка

Студентите што живеат во студентските домови во Скопје ќе добијат своја студентска картичка. Целта на оваа картичка е да се олесни и дигитализира процесот за креирање договор за сместување во скопските студентски домови.

Студентите ќе можат да аплицираат за добивање картичка со креирање профил на веб-страницата на Државниот студентски дом.

Детално упатство за креирање профил на оваа платформа може да погледнете тука:



Покрај можноста за креирање договори за сместување, на веб-страницата се појавува и потсетник за неплатените рати кои ќе можат да се платат онлајн.

Апликацијата за студентска картичка ќе биде разгледувана од управникот на домот, а по одобрувањето на апликацијата следува потпишување на договор во печатена форма за издавање на студентската картичка.

Рокот на аплицирање за оваа картичка е до 23 декември 2022 година, а доколку апликантите имаат тешкотии при аплицирањето, можат да се обратат за помош до службите на Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје на некој од следните начини: преку директна порака на профилите на домот на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ или преку електронска пошта на contact@dsdskopje.mk.