Реченици со кои ќе ги охрабрите и поттикнете учениците
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Постојат многу начини на кои можете да ги поттикнете и охрабрите децата, меѓутоа за учениците од било која возраст, искрените, автентични и упорни пораки од возрасните кои имаат кредибилитет во нивните очи се меѓу најмоќните.
Националниот центар за квалитетно предавање и учење состави листа со 50 реченици кои можат да ги поттикнат и охрабрат учениците. Се` зависи од тонот на наставникот, ситуацијата и кој друг слуша.
1. (Палците нагоре)
2. Ти си на вистинскиот пат.
3. Си работел доста тешко на тој труд.
4. Слушнав како се чувствуваш. Тоа е одлично.
5. Супер, тоа испадна многу добро.
6. Сето тоа испаѓа многу добро.
7. Горд/а сум на начинот на кој работеше денес.
8. Ајде, ќе го сфатиш.
9. Тоа е најдоброто нешто што си го направил/а.
10. Остана толку смирен/а за време на проблемот.
11. Тоа е тоа! Одлично!
12. Сега го сфати!
13. Честитки.
14. Знаев дека можеш да го направиш тоа.
15. Тоа е доста добар напредок.
16. Обожавам да ги слушам твоите зборови.
17. Вистинска супер ѕвезда си.
18. Браво, го реши проблемот.
19. Продолжи да работиш, скоро си до решението.
20. Браво, сега го реши правилно.
21. Сигурно размислуваш доста брзо, за брзо време успеа да ја решиш задачата.
22. Сигурно си горд/а на себеси.
23. Ајде, потруди се уште еднаш и ќе го решиш.
24. Одлична идеја!
25. Ти си неверојатна личност!
26. Одлична тимска работа!
27. Ништо не може да те сопре.
28. Имаш толку креативни идеи.
29. Токму тоа е начинот на кој се решава проблемот/задачата.
30. Сензационално.
31. Сигурно си вежбал/а многу.
32. Се справи со тоа одлично.
33. Ми се допаѓа начинот на кој размислуваш.
34. Одлична меморија.
35. Едноставно знаеш што треба да правиш.
36. Навистина настојуваш да го решиш ова.
37. Одлично ги изрази своите чувства и мисли.
38. Успеа да го направиш без ничија помош, одлично!
39. Знаев дека вие двајца ќе сфатите заедно.
40. Одлично го искажа она што го чувствуваш.
41. Знам дека е тешко, но само што не си ја решил/а задачата.
42. Одлично решавање на проблемот!
43. Обожавам да ги слушам твоите идеи.
44. Браво!
45. Погледнете како си помогнавте еден со друг.
46. Завршивте побрзо бидејќи работевте заедно.
47. Продолжи да се обидуваш.
48. Одличен обид.
49. Доста креативно размислуваш.
50. Знам дека е тешко за тебе, но сепак остана толку смирен/а.