Уште четири нови елементи додадени во Периодниот систем

Уште четири нови елементи додадени во Периодниот систем

Подготвил: Тамара Гроздановски

елементи

 

Елементите со атомски броеви 113, 115, 117 и 118 се додадени во периодниот систем.


Новите елементи се додадени откако Меѓународната унија за чиста и применета хемија (UPAC) ги провери научните истражувања објавени од страна на тимови истражувачи од САД, Јапонија и Русија. Комитетот смета дека научниците ги исполнија критериумите за откритие, што во суштина значи дека научниците можат да ги создадат во лабораторија.

Овие елементи се меѓу најтешките во периодниот систем, и за нив не се знае дали постојат надвор од лабораторијата. Тие се доста нестабилни - само за да се формулираат во лабораторијата, научниците морале да „судрат“ полесни јадра едни во други. Новите елементи постоеле помалку од една секунда пред да се поделат во други елементи.

Овие елемети, со кои завршува седмиот ред од периодниот систем, се првите кои се додадени уште од 2011 година, кога се додадени елементите 114 и 116. Новите елементи привремено се именувани унунтриум (Uut или елемент 113), унунпентиум (Uup, елемент 115), унунсептиум (Uus, елемент 117) и унуноктиум (UUo, елемент 118). Во следните неколку месеци, тимовите кои ги открија овие елементи ќе предложат нови имиња за нив.

Елементот 113 беше откриен од јапонските истражувачи, и ќе биде првиот елемент кој ќе биде именуван во Азија.

Периодниот систем бил создаден во 1869 година, меѓутоа научниците се`уште го немаат пополнето целосно, ниту пак имаат одговорено на прашањата поврзани со овие „тули“ на универзумот; како што овие супертешки елементи се распаѓаат, тие стануваат други елементи кои научниците се`уште не можат да ги идентификуваат.

Тие треба да пронајдат подобар начин за да го мерат атомскиот број на елементите побрзо и подиректно. Некои истражувачи, вклучувајќи и членови од јапонскиот тим кој го откри елементот 113, се надеваат дека ќе продолжат со нивната работа во супертешките елементи за да ги откријат оние кои се наоѓаат надвор од елементот 119, кој се`уште не е откриен.