Како да ги заштитите мобилните уреди од ниски температури?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Зимата не влијае само врз нашите тела - студеното време може и да влијае врз работата на нашите мобилни уреди, но и другите уреди како лаптопите и таблетите.
Денес луѓето тешко се одделуваат од овие уреди, па затоа подобро е да ги заштитите соодветно од ниските температури. Од студеното време не само што се намалуваат нивните перформанси, туку значително и се намалува капацитетот на батеријата. Затоа важно е мобилниот телефон прво да се прилагоди на собна температура, а потоа да се вклучи и да се наполни батеријата.
1. Кога сте надвор, најдобро е мобилниот да го држите во џебот или во внатрешниот дел на јакната за да остане топол.
2. Уредите не ги оставајте во автомобилот, особено не преку ноќ бидејќи ниските температури можат да ја оштетат батеријата.
3. Снегот и дождот можат да им наштетат на уредите, па не би требало да ги користите на суви услови. Ако морате да го користите или сакате да направите некоја фотографија, тогаш екранот брзо исушете го и однесете го уредот на суво место.