"Friends" конечно ќе се обединат

Подготвил: Тамара Гроздановски

Повеќе не се на пауза. 12 години после финалето на тв шоуто, екипата на „Friends“ конечно ќе се обедини овој февруари на NBC.

 

friends


Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет ЛеБланк, Метју Пери и Дејвид Швимер ќе бидат дел од проектот во чест на режисерот Џејмс Буроус на 21 февруари во недела. Главното лице на NBC Боб Грибалт го потврди ова.

Меѓутоа, иако NBC се надева дека ѕвездите ќе се појават заедно, сепак постои шанса дека нема сите да бидат во иста соба.

„Мислам дека постои логика сето тоа да го средиме“, вели Гринблат.

Буроус режира ситком серии повеќе од 40 години, а има режирано и 15 епизоди од „Friends“ (и уште 200 епизоди од „Will & Grace). Во специјалниот проект се очекува да се појават и актерите од другите шоуа како „Cheers“, „Mike & Molly“ и „The Bob Newhart Show“.

Фановите на екстра популарната „Friends“ со години лобираат за обединување. Шоуто повторно стана популарно минатата година кога стана достапно за гледање на Нетфликс.