Брз тест кој кажува дали на пациентот му се потребни антибиотици
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Антибиотиците функционираат против бактериските инфекции меѓутоа често пати им се даваат на лица со вирусни инфекции кои не реагираат на лековите. Меѓутоа, нов тест на гените може да покаже дали инфекцијата кај пациентот е вирусна или бактериска.
Кога пациентот ќе се појави во болница со респираторна болест, обично му се дава антибиотик кој не функционира против вирусни инфекции, иако повеќето од овие респираторни инфекции се вирусни.
Се проценува дека во овој случај антибиотиците се неправилно давани во речиси четвртина од времето. А прекумерната употреба на антибиотици е голем проблем, и помагаат во развивањето на разни видови на бактерии кои се отпорни на нашите антибиотици.
Затоа научниците бараа алатка која ќе им овозможи на докторите брзо да дијагностицираат дали пациентот има вирусна или бактериска инфекција, а со тоа да знаат сигурно дали да препишуваат антибиотик.
„Новиот пристап се заснова врз премисата дека ние постојано сме изложени на нешто од нашата животна средина - без разлика дали е чадот од цигарите, промена во исхраната, инфекција... нашето тело реагира на тоа“, вели Ефраим Таслик од Универзитеотт Дјук.
Тој заедно со неговите колеги истражувале генетски експресии - кои гени се активираат а кои остануваат прикриени кај пациентите. Некои имале бактериски инфекции, некои имале вирусни, некои ги имале и двете а други немале никакви заразни болести. Истражувачите исто така проучувале 44 здрави возрасни лица.
„Она што го пронајдовме беа некои елементи, одредени гени, кои се вклучуваа и исклучуваа на одреден начин карактеристичен за вирусна инфекција. Другите гени кои се вклучуваа и исклучуваа на таков начин е карактеристичен за бактериска инфекција. А потоа, другите гени кои се вклучуваа и исклучуваа на начин кој не е показател за инфекција“.
Потоа тие ги тестирале овие генетски активации со јавно достапните податоци на инфекциите на пациентите. Методот бил 87% точен.
Моментално, за ваквите генетски тестирања може да се потребни 10 часа за дијагноза. Истражувачите работат на развивање на дијагностичка алатка која ќе го намали времето на само еден час, за докторите брзо да можат да препишат антибиотици.
„Намалувањето на користењето на антибиотици е една од стратегиите за подобрување на антибактерискиот отпор“, велат научниците.