Кои професии земаат највисоки плати во Македонија?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Компјутерските програмери и финансиски услуги како и пилотите имаат највисоки плати во земјава.
Според податоците од последниот извештај од Државниот завод за статистика, просечната плата на пилотите е 68.166 денари, додека програмерите земаат плата од 50.097 денари. После нив се банкарите со 43.700 и фармацевтите со 41.619 денари.
Овие професии имаат двојно повисока плата од македонската просечна плата која изнесува 22.000 денари.
Градежниците кои се сметаат за едни од најбараните на пазарот на трудот земаат плата од 19.000 денари, а здравствените и социјалните работници земаат плата од 24.500 денари.
На последно место се наоѓаат платите во угостителството, текстилната индустрија и рибарството. Нивната просечна плата се движи до 13.00 денари. Просечната плата на вработените во јавната администрација изнесува 26.368 денари.