Оглас за вработување во КОУЗОН... Отворени се 3 (три) работни места!
Како резултат на потребата од проширување на тимот на Коузон , објавуваме 3 нови
вработувања во Скопје и тоа за следниве работни позиции :
1. РЕГРУТЕР ЗА ВРАБОТУВАЊА НА БРОД
Потребни квалификации :
- одлично познавање на англиски јазик ;
- интернационално работно искуство од најмалку 2 години;
- претходно работно искуство на брод или во областа на туризмот (би било
предност).
2. ПРОФЕСОР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Потребни квалификации :
- универзитетска диплома за завршен факултет ;
- интернационално искутво од најмалку 6 месеци ;
- претходно работно искуство во Македонија од најмалку 1 година;
( за ова работно место можат да аплицираат и студенти на завршна година од
студии на Факултетите за Англиски јазик , но со претходно работно искуство од
Work & Travel America ).
3. АГЕНЦИСКИ РАБОТНИК СО ПРЕТХОДНО РАБОТНО ИСКУСТВО СО
СЛИЧНА ДЕЈНОСТ
Потребни квалификации :
- одлично познавање на англискиот јазик;
- работно искуство во дејноста од најмалку 2 години ;
- искуство од работа со деца ( би било предност ) .
ВАЖНО :
За сите вработувања ќе следи тестирање и проверка на квалификации.
За аплицирање потребно е да ни испратите Ваше CV на info@kouzon.com.mk
Во насловот на е-маилот Ве молиме да ставите напомена за која работна позиција сакате
да аплцирате.
Само избраните кандидати ќе бидат поканети на разговор.
Вработувањето би се реализирало до 1 Март 2016 година.